Press "Enter" to skip to content

Наградени најдобрите по конкурсот за краток расказ, “СН финансии“ со поддршка на жените писатели (фото)

“СН Финансии“ обезбеди парични награди за трите најдобри во категорија возрасни и трите најдобри во категорија ученици од конкурсот за краток расказ “Чест“ кој го иницираше Организацијата на жени – Битола.Прогласувањето на најдобрите се одржа во НУУБ “Климент Охридски“ – Битола, а свен со парични награди, на добитниците “СН финансии“ им подари и ваучери од “ЈК Травел“, а голема радост беа специјалните гости – учениците од ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ – центар за поддршка во учењето на децата со попреченост кои ги стоплија срцата на публиката.Комисијата во состав Илче Стојановски – НУУБ “Св. Климент Охридски “ Битола, Маргарита Кочанковска Папачек професор по Македонски јазик и книжевност и Светлана Папачек од  ОЖБ едногласно ги награди следните учесници поделени во две категории.Во категорија ученици расказ “Чест“ прва награда за Анастасија Малеска од Струга, второ за Ангела Ангелеска од Битола и трета за Фунда Демир од Битола.Категорија возрасни, прва награда за расказ “Чест“ за Лупче Данилоски с. Другово од Кичево, втора за Снежана Паноска од Прилеп и трета за Весна Шереметкоска од Прилеп.-Мисијата да бидеме поддршка во творењето на новите генерации писатели и во иднина ќе ја продолжиме, изјави Оливера Јошевска од која во име на СН финансии ги додели наградите.