Факултет за информатички и комуникациски технологии во Битола беше домаќин на Семинарот на тема „ЕУСАИР и Интеррег-ИПА програми: Можности за образовните институции и локалните заедници“.Семинарот, во организација на независниот Институт за соработка и развој од Тирана, Република Албанија и Македонскиот национален младински совет, а потпомогнат од Македонското министерството за локална самоуправа, како хибриден настан со линковско вклучување на претставници на ЕК, беше наменет за поттикнување на учеството на младите од Регионот во проекти во рамките на овие европски програми, не само како корисници туку како директни учесници и апликанти.
Покрај Крисела Хачкај – извршна директорка на Институтот од Тирана, од името на Ректорот Неделковски, собирот го поздрави и проректорката Јасмина Буневска Талевска, додека во панел-дискусијата што следеше, свој придонес даде проф. д-р Илија Јолевски од ФИКТ којшто го сподели искуството од реализацијата на Проектот EMPLOYOUTH, избран меѓу 25 најистакнати проекти и издвоен како пример на најдобра практика во примената на проекти финансирани од ЕУ ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција.
Заклучокот од настанот, се согласија сите присутни, е дека треба да се мотивираат младите – а во случајот на УКЛО: студентите, на активизам, волонтерство и што поголема вклученост во проектните соработки во прекуграничниот Регион за да се запознаат со функционирањето на институциите во нивното непосредно опкружување, за да можат да придонесат во процесите на донесување на одлуки и во креирањето на политиките за развој на овие простори.

Во Битола одржан Семинар „ЕУСАИР и Интеррег-ИПА програми: Можности за образовните институции и локалните заедници“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)