Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски по поразот од Крка: мора да се поправи играта во одбраната пред клучниот натпревар за плеј-офот со Слога

Екипата на Пелистер од Битола синоќа во Широки брег, во рамките на петтиот “балон“ е поразен од екипата на Крка (88-102) во рамки на 11. коло од АБА-2 лигата, а пласманот во плеј-офот ќе го “брка“ уште утре против Слога од Добој.

На официјалната прес-конференција по натпреварот во „балонот“ во АБА-2, тренерот Марјан Илиевски истакна дека мора да се поправи играта во одбраната пред клучниот натпревар за плеј-офот со Слога и додаде:

-На самиот почеток од натпреварот двете екипи играа квалитетно во нападот. Сето она кое се случи во денешниот натпревар, беше затоа што паднаа 200 поени, што значи дека ниту едната, ниту другата екипа не одиграа на нивото во одбраната. Крка имаше подобар ден во однос на ревашање на кошевите, за разлика нас, ние дадовме 88. Ни остануваат уште два меча, каде е и директниот дуел за плеј-оф со Слога. Мора на овој натпревар да ги поправиме грешките во одбраната, а на Крка и го честитам влезот во полуфиналето.

Пелистер сега има скор 6-5 во АБА-2 лигата, исто како што има и осмопласираната Слога која е на последната позиција која води во плеј-офот. 

More from ВестиMore posts in Вести »