Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: утре од 9 до 13 часот времен режим на сообраќај поради одбележување на годишнината од Холокаустот

Ве известуваме дека на 09.03.2023 во времето од 09.00 – 13.00 часот по повод одбележувањето на годишнина од Холокаустот на подрачјето на Општина Битола ќе се спроведе времен режим на сообраќај на одредени реони во градот.

Заради непречено спроведување на активностите предвидни во агендата , Ве замолуваме да се придржувате кон насоките кои ќе ги даваат полициските службеници во делот на сообраќајот.

Секторот за Внатрешни работи Битола апелира за почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на собраќајот во дадениот временски период.

More from ВестиMore posts in Вести »