Попладнево во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ беа претставени новите тренери во тимот на Еурофарм Пелистер, а на ракометарире им ги претстави и им се обрати претседателот Зоран Стерјев, кој на сите им посака успешна работа и титули.-Посакувам да е успешен преостаниот дел од сезоната која е во тек и да ги достигниме нашите цели со тоа што ќе ја освоиме титулата во првенството и во Купот и да стигнеме со СЕХА фајнлфорот. Посакувам сакам да гледам како напредувате кон целта и затоа веќе имаме нов старт со професионален тим на тренери. Тука се Алексндар Јовиќ, Александар Зарков и Ѕвонко Шундовски. Ви посакувам успех на сите и добро здравје за преостаната сезона и се надевам на крајот од сезоната дека ќе прославуваме за освоениите две титули, рече Стерјев.
Александар Јовиќ пред да го одработи првиот тренинг им се обрати на ракометарите и рече:
-Прво сакам да се заблагодарам за доверабата кој нам ни е укажана и во овој сензитивен момент за клубот. Сакам да упатам благодарност за Шундовски шти прифати понудта од Управата да биде дел од нас. Со неговото огромно искуство ќе ни помогне мене и на Зарков во работата и ќе ни помогне да ги оствариме зацртаните цели во оваа сезона. Мисламе дека имаме одличен тим, сите сте одлични играчи како поединци, имаме време со позитивна мисла, врена работа и правилно насочување од наша страна нема причина се да исполнеме. Имаме уште најмногу три месеци до крајот на сезоната и би ве замолил сите да се фокусираме максимално на индивудуален и колективен план.
Ѕвонко Шундовски при своето враѓање во салата по повеќе години додаде:
-Јас сум тука да го подржувам битолкскиот ракомет најпрво, но и да му помогнам на Ацо и Александар. Тука сме сите заедно да ја донесиме титулата во Битола. Многу од играчите доаѓаат од различни држави и можеби не разбираат на кој начин треба да ја вратиме титутала која ја нема долго време во Битола. Јас ве следам цело време, ги знам сите играчи и мислам дека се многу добри, но фали нешто, има некој мал проблем, за кој сме дојдени да го пронајдиме и решиме. Но и Вие, играчите, треба да помогнете да ја вратиме дуплата титула во најракометниот град. Знаеме дека имаме малку време, во тоа време иако е малку, ќе направиме се што можеме да ја вратиме титулата, и ви посакувам успех до крајот на сезоната.
По обраќањето беше одработен и првиот тренинг со новите тренери.

Стерјев на ракометарите им ги претстави Јовиќ, Зарков и Шундовски, кои го одржаа и првиот тренинг (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кошаркарите по поразот од Чаир продолжија со победите
- Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје, на поразот кумуваа судиите, од 0:2 до 3:2
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата до 19 степени
- Еурофарм Пелистер без мака на Куп завршницата, “двојката“ не успеа
- 15 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Кошаркарите по поразот од Чаир продолжија со победите
- Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје, на поразот кумуваа судиите, од 0:2 до 3:2
- Еурофарм Пелистер без мака на Куп завршницата, “двојката“ не успеа
- Фото вест: шаховските легенди браќата Борче и Димитар Илиевски го “украдоа“ вниманието и ремизираа на денешниот натпревар
- Шахистите ветерани од Битола и Скопје играа шаховски меч во Офицерски