Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер: на јужната трибина само технички и службени лица поради градежни работи на влезовите

ФК Пелистер ги известува сите љубители на фудбалот во Битола и Македонија, дека јужната трибина во следниот период ќе биде отворена само за технички и службени лица и гостински навивачи.

Заради дополнителни градежни работи на влезовите во подтрибинскиот простор, на јужната трибина безбеден е само секторот каде ќе бидат сместени ограничен број на гостински навивачи и службените лица.

Од сабота, ги покануваме сите навивачи на ФК Пелистер, на новата комфорна и луксузна, северна трибина, заедно да ги следиме нашите натпревари. Ви благодариме за поддршката и Ве очекуваме!

Напред Пелистер!

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »