Друштвото на ликовни уметници од Битола синоќа во Офицерски дом во Битола ја отвори изложбата по повод Интернационалниот ден на жената на 8 март, а на неа се изложени дела на 19 членови на ДЛУБ реализирани во периодот во период од една година.Организаторите и присутните ги поздрави директорката на Центарот за култура од Битола, Лили Бошевска, која при тоа рече:
-Почитувани уметници и љубители на уметноста, навистина ми е задоволство што започнуваме една убава и плодна соработка, токму со изложба посветена на празникот на жената. Иако имавме проблеми се терминот, заради безбедносни протоколи, се надевам дека ќе уживате во изложените дела. Сега уметнците имаа простор, ние имаме изложба, а добива и градот и љубителите на уметноста. Оваа институција е отворена за сите уметници, а вашите идеа ќе бидат реализира.
Претседател на ДЛУБ, ликовниот уметник Васко Ѓоргиев ја отвори изложбата и рече:
–Иако на слободна тема, изложбата содржи две водечки мисли во контекст на празникот. Првата насочува кон аналогијата меѓу жената и уметничкото дело, односно појавата на метафизичкото и другото во физичкиот простор. Втората ги согледува причините за настанувањето на овој празник и затоа повикува кон поотворена и поискрена соработка меѓу самите уметниците, меѓу уметниците и разните институции со цел содавање простори каде може да се појави и сочува гласот на секој кутурен деец чии дела поинаку би останале неми и заборавени.
Делата се реализирани со традиционални и современи техники, а поголемиот дел од авторите се млади членови, но тука е и делата на Александар Поповски, Филип Јовески, Стефан Анчевски, Зана Восу, Алкивиадис Восду, Тони Попов, Петар Кирановски, Слободан Рајчевски, Васко Ѓоргиев, Анастасија Петрова-Мушовска, Валентина Илијевска, Динко Ненов и Дејан Макаријоски, додека од постарите членови на Друштвото учествуваат Панде Петровски, Љубица М. Солак, Николче Српчански, Ванчо Кеков, Златко Крстевски и Ѓорги Зајаковски.

Изложба по повод 8. Март на Друштвото на ликовни уметници од Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: 93 санкции за сообраќајни прекршоци
- Активна партиципација на УКЛО Битола на 7. научна конференција на Берлинскиот процес
- Нов Американец во Битола, Ренди Брумант нов член на КК Пелистер Таскфорс
- Во Битола сончево и топло, температурата до 32 степени
- “Да го изградиме мирот во дигиталниот свет“ во чест на Татјана Петрова во организација на Ротари клуб Битола Широк Сокак (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Фестивалот “Браќа Манаки“ започнува в сабота во Битола со 400 гости од кои 160 се странски и 79 извонредни филмови (фото)
- Прв настан во “Дневната соба“ во библиотеката, работилница за слем поезија
- Концертот на Камерниот оркестар од Битола “MTV 80s & 90s: The Greatest Hits“ времеплов и воодушевување за музичката публика (видео + мега фотогалерија)
- Со концерт на Крсте Роџевски Центарот за култура Битола ја започна новата сезона
- Отворена изложбата “Македонски и канадски графичари 7х7“ во Офицерски – Битола (фотогалерија)