Во Офицерски дом во Битола, во чест на празникот на жените и одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка се држа конференција “Од Естер до Естер , за храброста на жените“. Конференција е во организација на “Wekibutz – Netaim“.На конференцијата учествуваа голем број делегации од Израел со преку 140 делегати/учесници. Помеѓу нив и Г-ѓа Мирјам Перетз која беше кандидат за Претседател на Израел, градоначалници од ja Бат Ури Бускила (Bat Uri Buskila) и од регионални општини во Израел Офир Липштаин (Ofir Lipstein).Истотака присутна ќе биде и Генералниот директор Шири Мадар (Shiri Madar), како и Претседателот на здружението за културното наследство на Евреите од Битола, во Израел Др. Шели Леви Друмер. На конференција синоќа просустуваа градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, ректорот на УКЛО Битола – проф. д-р Игор Неделковски и други битолчани.На конференцијата со своја делегација ќе бидат присутни и специјална екипа на фотографери од лица со посебни потреби од организацијата „Келим Шлувим“.Првата Естер е еврејска кралица од персискиот период од пред 2000 г, а втората Естер, е Естерја Овадија Мара, еврејка и партизанка од Битола, која загина 1944 г. и е призната за народен херој.Конференцијата е поддржана од Еврејската организација „Histadrut zionit”, како и од Министерството за социјала на државата Израел.По рамките на програмата на конференцијата , вечерва во Свечената сала на Офицерски дом во КИЦ Битола ќе се оддржи концерт на познати пеачи од Израел; Шаи Аврамсон,Сара Ароести – ладино пеачка од САД, Хелена Суша – Скопје, Македонија.
Конференција “Од Естер до Естер, за храброста на жените“ со 140 делегати во Офицерски дом (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)