Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола се обрати на прес-конференцијата по повод претстојното големо отворање на првата изложба на македонски археолошки артефакти и прва и најголема археолошка изложба од Балканот во светот – „Првите кралеви на Европа“ – во Чикаго, Соединети Американски Држави.-Десетици археолошки артефакти од повеќе македонски локалитети ќе бидат презентирани пред американската јавност како дел од изложбата „Првите кралеви во Европа“ во престижниот Филдов музеј во Чикаго. Пред светот гордо ги претставуваме експонатите неолитски жртвеник, енеолитски скиптар и железнодобен накит од локалитетите Врбјанска Чука, Шуплевец и Милци, пред светот ќе проговориме за достигнувањата на луѓето од нашата земја кои живееле и создавале уметност, ги развивале технологијата и стопанството во периодот од 7 до 5 милениум пред новата ера. Огромна благодарност до Американската амбасада која даде поддршка за проектот и уверена сум дека „Првите кралеви во Европа“ ќе ни донесат трајни пријателства кои ќе отворат нови можности за нова соработка, рече Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Директорката на битолскиот Завод и Музеј, Мери Стојанова рече дека од предистортиска збирка на Заводот и Музеј е вклучен еден предмет, тоа е скиптарот од Шуплевец, уникатен и репрезентативен примерок каков што нема сличен во овој дел од Балкнскиот Полиуостров, а ова е прва можност предмет да биде изложен во Америка.

Костадиновска-Стојчевска од Битола: изложбата “Првите кралеви на Европа“ во САД е голем пробив за македонската археологија во светот
More from ВестиMore posts in Вести »
- РЕК “Битола“ започна со засадување на 150.500 садници околу комбинатот
- СВР Битола: приведување во Стрчин, опожарено “бмв“, битолчанец искршил инвентар во казино на “Партизанска“
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност
- Oтворena изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со убедлива победа над Охрид во Битола (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Oтворena изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски (фотогалерија)
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Во четврток отворање на изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски
- Промоција на книгата “Детски песни за учење лесни“ од Ирена Цветкова
- “Баница 1903 – стратегот на Македонскиот универзум“ е ново книжевно дело на Зоран Пејковски