Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за дијагностицирање на комбинирани антихипертензивни лекарства, за што вели:-Срцеви дигиталис гликозиди (дигоксин, ланатозид, метилдигоксин) се лекарства кои се користат за подобрување на моќта на контракции на миокардот во случаи на средна и тешка срцева слабост. Срцевите дигиталис гликозиди делуваат преку инхибирање на натриум- калиум аденозин -трифосфатазата во кардиомиоцитите блокирање на враќање на калиум во клетката и зголемување на калциумот во миоплазмата и со тоа зголемување на контрактилната моќ на миофибрилите на срцето.
Дигиталис се дава тогаш кога има среден кон тежок степен на срцева слабост со пад на EF најчесто под 40%или при постоење на гушење, замор, периферни отоци чести плеврлални ефузии кои не се контролираат од примена на бета -блокатори и АКЕ инхибитор со диуретик. Дигиталис лекови не треба да се даваат кај пациенти со АВ нодален блок 2 или 3 степен, кај хипокалиемија хипомагнезиемија и внимателно кај хипотироидизам.
Истовременото користење со верапамил, амиодароне, пропафенон, флекаинид спиронолактон може да го зголеми нивото на срцеви гликозиди во крвта и нивната токсичност во предизвикување на синус или атриовентрикуларни блокови со суправентрикуларна тахикардии и невролошки испади, гастроинтестинални тегоби.
Електрокардиографска карактеристика на дигитализирани пациенти е благо конкавно заоблено спуштање на ST segmentot во неколку одводи лесно под изоелектричнс линија.