Press "Enter" to skip to content

Пелистер со пораз ја заврши групната фаза, со обезбеден плеј-оф во АБА2 лигата

Пелистер – Подгорица 84:97

Пелистер е поразен од екипата на Подгорица со резултат 84:97 и со овој натпревар го заврши регуларниот дел во АБА-2 лигата, а се пласира во плеј-офот кој ќе се игра во април во Словенија.

На овој натпревар кошаркарите на Пелистер имаа одличен почеток, десет минути од играта во кој дојдоа и до десет поени предност 28:18. Втората четвртина заврши со резултат 19:25 за Подгорица, а на одмор Пелистер замина со +4, со резултат 47:43. 

И третата четвртина заврши со идентичен резултат како и втората 19:25, краниот резултат со кој се влезе во последната, четврта, четвртина беше 66:68, за црногорската екипа, која успеа да го заврти резултатот во нивна резултатска корист. Во последната четвртина поврторно подобри беа кошаркарите на Подгорица, со резултат 18:29, и за резултат 84:97.

Најефикасен во екипата на Пелистер беше Карпентер со 24 поени, Силаџи заврши со 20, а Сапунџиев постигна 1о поени.      

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »