-Подолг период во Битола, поточно од 2010 година, во Заводот и Музеј – Битола, кој за време на турското владение бил воена гимназија, се одржува настан, во чест на матурурањето на Мустафа Кемал Ататурк, започна со свите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Битола е посебно значајна како град каде што се наоѓа Воената гимназија каде што се школувале многу команданти кои зеле учество во Турската ослободтелна војна на чело со Мустафа Кемал Ататурк. Битолската воена гимназија каде што се школувал Мустафа Кемал Ататурк е образовна институција која во голема мера придонесла за развојот на неговата личност. Мустафа Кемал Ататурк кој тука го започна процесот на формирањето на својата интелектуална свест под водство на успешните и познати педагози од тоа време, во 1898 година ја заврши воената гимназија, беше истакнато на денешниот настан.
На одбележувањето, традиционално, како и секоја година присуствуваат офицери на Туската армија, кадети и питомци на Воената школа на Турција, тогашниот градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески, и голем број гости.
-Мир во земјата, мир во светот… Во знакот на овие зборови се одвиваше во 2013 година одбележување на 114 годишнината од дипломирањето на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Одбелжувањето на овој значаен датум се одвиваше во Музејот во Битола, кој всушност во минатото беше воената гимназија каде се школувал големиот Мустафа Кемал Ататурк, вели Миновски.
Манифестацијата во денешно време ги пренесуваат во денешно време длабоките траги на нашата заедничка историја и придонесуваат за зацврстување на односите меѓу Турските оружени сили и Армијата на Република Македонија.

Деновиве пред 10 години: Одбележување на 114 годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Другарство и кабадајлук “high-level“, од Битола, Прага и Лондов дојдоа во Германија како изненадување за роденденот на другарот (фото)
- Деновиве пред 10 години: започна реконструкцијата на Ајдар-кади џамија во Битола – “Принцезата на Балканот“ (фото)
- Заврши вонредниот инспекцискиот надзор во битолската болница
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
More from ВестиMore posts in Вести »
- РЕК “Битола“ започна со засадување на 150.500 садници околу комбинатот
- СВР Битола: приведување во Стрчин, опожарено “бмв“, битолчанец искршил инвентар во казино на “Партизанска“
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност
- Oтворena изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со убедлива победа над Охрид во Битола (фотогалерија)