Press "Enter" to skip to content

Битолчани предводени од Ѓуро Илиќ на семинарот “Љуба Врачаревиќ 2023“ во Белград

Викендов во Белград, Србија, се одржа традиционалниот семинарот “за тренери “Љуба Врачаревиќ 2023“ на кој учествуваа претставници од Битола, заедно со аикидо мајстори од Кочани и Велес.

Македонската екипа беше предводена од предводени од претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија – реално аикидо Ѓуро Илиќ, кој имаше и свое предавање, за што рече:-Како е познато нашиот клуб од Битола, како и федерацијата сме редовни на овие семинари кои ги организирааат нашите пријатели од Белград. На покана на Ана Врачаревиќ бевме на семинарот и можам слободно да кажам дека сите заедно имавме одлично претставување, а секако дека и оние помладите кои беа во тимот научија од предавањата на останатите предавачи, аикидо мајстори.

Ана Врачаревиќ организатор на семинарот, кој го носи името на нејзиниот татко Љуба Врачаревиќ, по завршувањето им се заблагодари на македонската екипа, и напиша:-Благодарност до мајсторот Милан Димитриески (карате мајстор од Струга кој живее и работи во Белград-н.з.) за одличните презентации и до сите учесници на семинарот (Битола, Скопје, Кочани, Велес, Бања Лука, Приједор, Нови Град, Лакташи, Лесковац, Ниш, Пирот, Шабац, Зрењанин, Кула, Врбас, Белград) за добрата енергија, позитивната атмосфера и прекрасното друштво!

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »