Поезијата може да се рецитира, да се пее. Драмата се оживува преку глума, а ученците кои се претставија со своите изведби на драмите „Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ тоа и го докажаа, уживајќи во своите улоги во библиотеката. Пишаниот збор се оживеа, преку проектот „Од книга до претстава- да ги оживееме драмите“, кој покажа дека читањето книги е интересно и забавно, ако се поттикнува на интересен начин.Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ учениците од ОУ „СВ. Кирил и Методиј“ се претставија со своите изведби на драмите „Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ вклучени во проектот „Од книга до претстава – да го оживееме драмите“.
Многу гости родители, наставници и ученици присуствуваа на настанот. На почетокот на настанот м-р библиотекар Годрана Г. Неделковски поздравувајќи ги присутните гости кажа:
-Како претставници од НУУБ „Св. Климент Охридски“ бевме поканети на настанот по повод 140 години македонски јазик во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ каде за прв пат се изведоа сцени од македонски драми. Не стигнавме да ги видиме. Но во соработка со координаторот на проектот од училиштето Жанета Ристевска дојдовме на идеја учениците да дојдат тука во библиотеката, место на пишаниот збор. Но преку овој проект ќе го оживевееме. „Од книга до претстава“ само кажува дека читањето книги е интересно и забавно, ако знаеме да го поттикнеме на правилен начин. Ако сме успеале во тоа на овој начин и на кратко да ги оттргнеме од технологијата, тогаш сме ја постигналле целта. Драмата се оживува преку глума, а ученците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ заедно со своите ментори, и изведби на сцени од „Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ тоа го докажаа и ќе го докажат вечерва.
На настанот се обрати и директорката на ОУ „Св Кирил и Методиј“ Битола Жанета Тошеска:
-Соработката со библиотеката ќе ја продолжиме и со други проекти за поттикнување на учениците кон читање книги. Вечерва ликовите на Ленче, Бошко, Аџи Трајко, Чорбаџи Теодос, Кева, Томче… ќе ги видите тука во нашата библиотека. Учениците од хорот со традиционална македонска музика, звуци од кавал и тарабука само ќе го збогатат настанот. На претходниот настан по повод 140 години од првата претстава на македонски јазик во нашето училиште, со своите настапи ги расплакаа присутните.
Координатор на проектот Жанета Ристевска ментор на ученици од драмата „Бегалка“ кажа:
-Љубовта кон книгата, читањето, мајчиниот јазик, традицијата се стекнува преку овој вид на проекти, на ваков начин. Преку оживување на теми во истите. Универзалните теми љубов, забранета во патријархалните односи, дискриминација во однос на разлики богати, сиромашни, верска припадност…иако сметаме дека се генерации на технологија и друг век, целосно ги разбраа и “навлегоа во ликовите“. Вечерва тие ликови ќе ги оживеат сцените од драмите, тука во библиотеката, пред вас почитувани родители, наставници… Тоа се нашите надарени и талентирани ученици кои ги откриваме и промовираме низ нашите проекти. Самодовербата се јакне на ваков начин. Позитивна клима владееше насекаде низ училиштето додека ги подготвувавме нашите ученици за настапи. Имено сите од училиштето ги проследија изведбите на драмите. Се пееја „Море сокол пие…“ Ако сме го постигнале сето ова што го кажав, тогаш мојата улога психолог во училиштето како дел од тимот кој работи со надарени и талентирани ученици, реализирана е на правилен начин.
На крајот на настанот сите ученици кои учествуваа во проектот околу 50, добија поклон ваучери за едногодишна чланарина, а нивните ментори книги од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

“Од книга до претстава -да го оживееме драмите“– проект на НУУБ „Св. Климент Охридски“ и ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- РЕК “Битола“ започна со засадување на 150.500 садници околу комбинатот
- СВР Битола: приведување во Стрчин, опожарено “бмв“, битолчанец искршил инвентар во казино на “Партизанска“
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност
- Oтворena изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со убедлива победа над Охрид во Битола (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Oтворena изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски (фотогалерија)
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Во четврток отворање на изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски
- Промоција на книгата “Детски песни за учење лесни“ од Ирена Цветкова
- “Баница 1903 – стратегот на Македонскиот универзум“ е ново книжевно дело на Зоран Пејковски