Press "Enter" to skip to content

Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар

ЈОУ Културен и информативен центар – Битола за оваа седмица најавува два настани кои ќе се дрѓат во Офицерски дом.

ЈОУ Културен и информативен центар – Битола во соработка со битолските шаховски клубови Шах – шех, Штајниц, Стево Патако и „4 -ти Ноември“ на 18 март 2023 во Офицерски дом со почеток во 10.00 ч. ќе организираат шаховски меч помеѓу шаховските ветерани, а воедно и легенди од Битола и Скопје. Настанот има за цел да искаже почит кон шаховските великани од Битола и популаризација на шаховската игра во Битола.

Културен и информативен центар – Битола и Амбасадата на Р.Словенија во Скопје се организатори на изложбата “Словенечки уметници – антологиски избор на графика“. На изложбата ќе бидат изложени дела на еминентни словенечки графичари, автори од сите генерации кои со својата работа, стил и автентичен израз дале неповторлив придонес кон развојот на светската графичка уметност, за што ќе им биде доделена посебна Плакета за придонес. Овој настан се оддржува по повод 31 година од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Р.С. Македонија и Р.Словенија и е во заедничка организација на ЈОУ КИЦ Битола.

Културен и информативен центар – Битола  уште еднаш е домаќин на исклучителен концертен настан со Камерен оркестар Битола. Сабота 18.03.23, Офицерски дом – КИЦ Битола, Свечена сала 20.00 ч. насловен “Сите солисти“.