На 15 март 2023 година, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, д-р Златимир Димчовски, почесен професор на УКЛО презентира неколку предлози за нови проекти од областа на техничките и информатичките науки.Покрај ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, проректорката, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, на средбата присуствуваа деканите: проф. д-р Митко Костов од Техничкиот факултет и проф. д-р Благој Ристевски од ФИКТ со академски кадри од овие единици.Интерес за соработка во проекти кои би се реализирале со УКЛО и поддршка со CERN, изразија локалните самоуправи од Битола и Ресен, кои со свои претставници ја следеа презентацијата на предлозите за нови проекти во кои би се вклучиле како соработници и идни партнери.Професорот Димчовски покрај предлозите за проекти, изложи и начини за обезбедување соодветна логистичка поддршка на идни активности.Инаку, професорот Димчовски е познат и признат македонски научник кој поголемиот дел од својот работен век го поминал токму на CERN, познатата Европска организација за нуклеарни истражувања со седиште во Швајцарија.
На УКЛО Битола презентација за нови проекти од областа на техничките науки
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)