Press "Enter" to skip to content

Владимир Костов добитник на наградата за “Животно дело на Роднокраен автор од Битола“

НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола ги соопшти добитниците на наградата “Роднокраен автор за 2022 година“, а по разгледаните кандидатури, Комисијата едногласно одлучи оваа година да додели награди во три категории.

Оваа година кандидатури поднесоа врвни писатели од различни полиња, поради тоа комисијата по разгледувањето на пристигнатата документација едногласно ги додели следниве награди:

-Наградата за „Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја добива, за жал, постхумно Владимир Костов за целокупното свое животно творештво.

-Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “-поезија ја добива Даниела Андоновска Трајковска, со објавени 5 книги во 2022 година.

-Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “-проза ја добива Христо Петрески, со објавени 5 книги во 2022. 

Тричлената комисија е во состав м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски – претседател, координатор на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“, м-р Сања Мучкајева -Видановска – член, прозеист и Светлана Папачек- член, поетеса.

Наградите ќе се доделат на 24 (петок) март 2023 година во 11 часот по повод роденденот на Библиотеката.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »