Press "Enter" to skip to content

Во Битола промовирана книгата “Папокот на светлината“ од Венко Андоновски (фото)

“Доаѓа време кога луѓето ќе и завидуваат на оние кои нашле смисла во животот“ – Венко Андоновски од “Папокот на светлината“ во НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола.

Порано луѓето им завидуваа на оние кои имаа пари за живот и ги убиваа. Доаѓа време кога луѓето ќе и завидуваат на оние кои нашле смисла во животот, и ќе ги убиваат, исто какао да имаат пари, Јан Лудвиг дваесет и две години по „Папокот на светот“ . (Од Папокот на светлината Венко Андоновски).-Венко Андоновски е еден од најчитаните и најизведувани драмски македонски автори во во последниве две децении. Неговиот роман „Папокот на светот“ е до сега печатен во 15.000 примероци, а “Вештица“ во 11.000. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. Дваесет  години после издавањето на “Папокот на светот“. Венко Андоновски со најново  прозно остварување, “Папокот на светлината“. Романот е петти по ред, неодамна се закити со наградата “Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување за 2022 година.Вака започна Винка Саздова писателка промотор на книгата „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски  во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола. Голем број вљубеници на пишаниот збор присуствуваа на промоцијата. Винка Саздова  истакна дека после промоцијата во Скопје, најпрво доаѓаат во Битола. За да продолжи:-Авторот ја продолжува проказната за Јан Лудвиг 20 години подоцна, возраен и зрел… смислата на своето постоење, во овој роман ја бара во повисока смисла во бог, во доброто, а започнува со злото..  оваа промоција  ќе биде во стил  разговор со авторот, а Венко е инспиративен говорник и секогаш предизвикува големо внимание кај присутните..

Венко Андоновски продолжи:-Во “Папокот на светот“ се постави прашањето Дали може човекот да го промени светот?  Партијата со големо “П“ во овој прв роман  е тоталитарна организација која се храни со просечноста, и го прогонува младиот човек, главниот лик Јан Лудвиг не  е тоа. Тој како натпросечна личност, е непотребен дури и штетен за “Партијата“ и завршува песимистички. Сега во моето најново прозно дело„Папокот на светлината“ ќе го поставиме прашањето “Што се смени од тогаш“ ? Тука „Партијата“ е целото човештво каде се потребни само просечни, послушни.  Јан Лудвиг 20 години подоцна се прашува „Можно ли смислата да биде само во послушноста, просечноста, во тие тоталитарни системи“. Што е злото во човекот? „Зошто почесто го избираме злото, меѓу кое е и таа послушност?“Тука  дојдов до некоја виша реалност која треба да ја бараме. Затоа овој роман се однесува на светлината. Не е ралигиозен, морам да кажам, иако некои така го претставуваат. Јан Лудвиг доброволо се трга од светот во егзил, оди на Хиландар,  за да ја побара смислата на животот. Да го пронајде БОГ.

-Покрај критиката и наградите за неговите дела, него го наградуваат и читателите, кажа Винка Саздова. Така беше и на промоцијата која предизвика  големо внимание кај присутните, бидејќи  Венко Андоновски секогаш има што да каже, мудри мисли кои наведуваат на многу размислувања. Тој низ книгата зборуваше за злото, суетата, каде одам сега, каде е смислата на животот?Промоцијата заврши со многу емоции и дружба со писателот.

Кратка биографија за Венко Андоновски

Проф. д-р Венко Андоновски е романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Автор е на вкупно 35 првоиздадени книги на македонски јазик, од најразлични жанрови. Редовен професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил и декан на Факултетот, а добитник е и на наградата „Свети Климент Охридски“ за образование. Постдипломски студии по теорија на литературата со кроатистика завршува на на Филозофскиот факултет во Загреб.  За дописен член на МАНУ е избран на 30 март 2022 година.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »