Press "Enter" to skip to content

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, на средба со стопанствениците од Битола (фотогалерија)

Денес во хотел “Капри“ во Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски имаше средба со претставниците на Регионална Стопанска Комора во Битола на која присуствува голем број на стопанственици од Битола. На средбата беа градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, претеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевски и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Битола – Пеце Милевски.На прес конференција во Битола која се одржа пред средбата, Мицкоски нагласи дека граѓаните се задоволни од работата на градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ во земјава, но не и од централната власт која како што рече Македонија ја води во погрешна насока и додаде:-Ние континуирано имаме мерења партиски, внатрепартиски на јавното мислење во Македонија. Една теренска анкета секој месец правиме, една телефонска анкета – кредибилни институции кои вршат јавно мерење. И редовно од почетокот на 2022 година го поставуваме прашањето за тоа како се граѓаните задоволни од новите градоначалници, односно од новата локална самоуправа. Кога го поставуваме прашањето дали сте задоволни од работата на новата локална самоуправа и новите градоначалници, повеќе од две третини од граѓаните велат дека се задоволни.-Дали јас сум задоволен од работата на градоначалникот Тони Коњановски, секако дека ќе кажам дека сум супер задоволен. Во изминатиот период имавме анкета на мерењето на јавното мислење овде на битолчани и можам да кажам јавно дека повеќе од две третини, ако не беше и блиску до 70 проценти се задоволни од работата на градоначалникот Коњановски и од локалната самоуправа што претставува историски највисок резултат, изјави Мицкоски.На средбата со Регионалната стопанска комора ќе ги слушнеме нивните барања и сугестии Битола да ја направиме пристојно место за живеење со перспективи за младите, порача градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.-Дозволете, да посакам добре дојде до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски на оваа регионална средба со Регионалната стопанска комора од југозападниот дел на Република Македонија, со седиште во Битола. Ова е континуитет на средбите кои ги ветивме уште од предизборието и еве во неколку наврати веќе се среќаваме, се собираме да ги размениме нашите искуства, да ги видиме проблемите на бизнис заедницата. Зошто, на самиот почеток кажав, ние сме нивни партнер, ние сме сервис на граѓаните и Општина Битола така и делува во изминатава година и пол.-Добро е и претседателот да ги слушне нивните сугестии, желби, барања, поплаки можеби за она што е сработено или она што треба да се сработи. Тука сме да ги слушнеме нив и јас, пред се, би им дозволил нив повеќе да говорат денес, отколку ние. Ние сме тука да ги слушниме, повторно велам, нивните барања, заложби, се со цел Битола да го направиме пристојно место за живеење, да овориме што повеќе работни места, младите да ни останат тука, а има перспективи.Битола е жив град, Битола е град кој има потенцијали и со оваа заедница на луѓе со кој секојдневно комуницираме, навистина сме на прав пат, рече К0њановски.Мицкоски посочи дека на овој начин сакаат да покажат дека тука се во прво лице да ги слушнат проблемите и тука се да можат да ги решаваат тие проблеми.-Се сеќавате јас најавив дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера годишно да завршат околу 250 милиони евра или 15 милијарди денари капитални инвестиции за потребите на општините. Битола има неколку проекти кои што се од огромно би рекол и државно значање и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има приоритет во реализација на тие проекти за општина Битола, меѓу кои што е техничкото односно идејното решение за спортската сала е поминато односно е избрано кој ќе биде.Но и не само тоа, има и многу други проекти во делот на инфраструктурата, но и оние би рекол проекти кои што ќе донесат основни услови за живот како што се да речеме, за деловите кои што сеуште за жал немаат своја канализација, вода питка и техничка за пиење, асфалт кој што и до ден денеска газат кал. Така што имаме навистина еден амбициозен проект кој што повеќе од 1 милијарда евра ќе бидат пари кој што директно од капитални инвестиции од буџетот ќе завршат за општините, а секако Битола е еден од клучните приоритети затоа што Битола и битолчани тоа го заслужуваат, нагласи тој.

More from ВестиMore posts in Вести »