Press "Enter" to skip to content

Во “OUTDOOR BRANDS“ пролетна гардероба, моторџиска облека и намалување на зимската колекција

На прагот на пролетната сезона во “OUTDOOR BRANDS“ покрај зимската колекција на најдобрите бредндови, сега може да најдете и пролетна колекција. Од “OUTDOOR BRANDS“ се потрудија во нивната продавница има пролетни јакни и пантолони за планинари, со одличен квалитет и пристапни цени.Сопствениците  Александар Христовски и Кристијан Башовски, едниот живее и работи во Холандија од каде се набавува најголем дел од робата и другиот задолжен за продажба тука,низ разговор кажаа:-Пред и каледнарски да дојде пролетта се потрудивме да набавивме квалитетна пролетна колекција, пред се јакни и пантолони за планинари, секако од  најдобрите брендови кои ќе ги најдете кај нас во “OUTDOOR BRANDS“. Ќе кажеме само дека во нашата продавница  брендираната роба од “second hand“ е со врвен квалитет и поволни цени, ја набавуваме од Холандија, Западна Европа, а сега може да се набави и со намалени цени.Покрај сега актуелната зимска колекција, јајни во спортски или  урбан и кежуал стил, опремата за лов од најпознати амерички брендови во  “OUTDOOR BRANDS“ може да се набават и мотоџиски јакни, како и друга облека за љубителите на моторциклите.Брендирана облека од “North face“,“Jack Wolfskin“, “Mammut“, “Columbia“…може да  набавите по прикладни цени во “OUTDOOR BRANDS“ на улица “Васко Карангелевски“ број 52  во зграда “Декорпод“.