Press "Enter" to skip to content

Соработка на РЕК “Битола“ и здружението за социјални иновации “ВР ЛАБ“

РЕК “Битола“ и здружението за социјални иновации “ВР ЛАБ“ од Битола ќе соработуваат во реализација на проектот “Развој на вештини при изучување на занаети со примена на виртуелна реалност“, финансиран од Националниот младински совет на Македонија и Европската Унија.

Вработените во комбинатот ќе имаат можност преку симулатор за тренинг, во виртуелна реалност за занаети, да го забрзаат процесот на учење, како и да усвојат нови вештини. Покрај тоа, вработените ќе имаат можност низ низа од тестови во виртуелна реалност да го подобрат физичкото и когнитивно владеење, обезбедувајќи уникатни искуства.

Развојот на вештини со помош на виртуелна реалност претставува иновација која е компјутерски генерирана, тродимензионална околина што корисникот може да ја доживее преку сетилата. Корисниците се во состојба да комуницираат со околината преку сценарио (околина во навидум вистинска или физичка форма) преку специјализирана електронска опрема, вклучувајќи очила и 3Д слики.

More from ВестиMore posts in Вести »