Денес во просториите на Ректоратот, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола потпиша билатерален договор со Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје.Потпис на документот ставија ректорите, проф. д-р Игор Неделковски и академик Изет Зеќири. Тие ги дефинираа наставно-научните области од заеднички интерес како и модалитетите за реализација на активности во делот на размени на кадри и студенти, учество во заеднички научно-истражувачки и други проекти, оргнизирање семинари, конференции, академски форуми и други форми на академска соработка.
Двајцата колеги ректори ја истакнаа потребата од соработка. Тие оценија дека имаат взаемен интерес за академско поврзување во повеќе области. Особено е нагласена потребата за сплотеност што ќе помогне полесно надминување на актуелните предизвици во виското образование и ќе овозможи повеќе и подобри резултати во работењето.
На чинот на потпишување на договорот што се одржа во ректоратпт на УКЛО, покрај ректорот на УМТ, Изет Зеќири присуствуваа и проректорите: проф. д-р Бујамин Бела, проф. д-р Беким Фетаји и деканот на Факултетот за технички науки, проф. д-р Неритан Туркеши.
Домаќини од УКЛО, покрај ректорот Неделковски беа неколку члена од Ректорскиот колегиум, проректорите: проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, проф. д-р Јове Димитрија Талевски и проф. д-р Горан Илиќ, претседателот на Универзитетскиот сенат, проф. д-р Николче Јанкуловски и раководители од Централната стручна и административна служба.
Ова е прв билатерален договор што проф. д-р Игор Неделковски го потпишува по стапување на функцијата ректорна УКЛО. Инаку, првиот договор за соработка меѓу УМТ и УКЛО беше потпишан на 10 јануари 2018 г. и имаше важност од три години.

УКЛО Битола потпиша Договор за билатералната соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вечерва во Битола ревијално куглање заедно со лицата со Даунов синдром (фотогалерија)
- Вечерва, во 22 часот и 24 минути, започнува пролетта
- Во Битола отворена изложбата “Расна дијагноза: Циган“ посветена на нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање (фотогалерија)
- Гордана Сековска нов претседател на Организацијата на жени на НСДП Битола
- СВР Битола: приведени тројца крадци, краделе во куќи, коли и “кладилници“, 132 возачи возеле побрзо