Денес, сабота, 18 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 14 степени.
Утре, недела, 19 март, во Битола времето ќе биде на утро посвежо, преку денот претежно сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 16 степени.