Press "Enter" to skip to content

15 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер  (18/19.03.2023)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата  санкционирани се 15 возачи. Од нив 10 на територија на  Битола, 4 во Прилеп  и 1 во Ресен. За време на контролата биле санкционирани и 10 други видови прекршоци.

 Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

More from ВестиMore posts in Вести »