Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје, на поразот кумуваа судиите, од 0:2 до 3:2

Фламинго Волеј – Пелистер Волеј 3:2

(23:25; 20:25; 25:23; 25:15; 15:12)

Екипата на Пелистер Волеј од Битола е поразена во натпреварот од 16. коло од Втората државна лига, од Фламинго Волеј во натпревар со многу поени и пресврти. За овој непланиран пораз тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:

-Првенствен натпревар во кој добро започнавме и ги добивме првите два сета. Кога очекувавме дека и третиот сет ќе заврши во наша корист при резултат 23:23 не успеавме да реализираме чист поен од една преубава акција, што подоцна резултираше и со губење на сетот. Четвртиот сет бевме целосно надвор од колосек, што заради наши грешки, што заради срамното однесување на судијата кој како да уживаше во своето мизерно судење со дискутабилни, срамни и неразумни одлуки, како нечиста прва топка, неколку досудени трети нечисти топки, премин преку мрежа без контакт со топка… нешто што го нема ни во почетните категории. Ова само ја потврди нашата исправна одлука за изземање на судии кои немаат капацитет да се носат со судење ни во маалска лига, а за одлучувачкиот петти сет додава:

-Во петтиот сет имавме активен резултат, беше и 11:11 но донесовме грешни одлуки на организација, малку среќа, по некој лош прием и победата заслужено отиде кај домаќинот. Секако дека победата беше посакувана, иако резултатски до крајот на сезоната тоа нема никакво влијание за нашата позиција. Сега и повеќе од јасно е дека во баражот повторно се судираме со екипата на Вардар ЕМ од Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »