Press "Enter" to skip to content

Уникатно филмско искуство во срцето на Битола!

Битола ќе доживее нешто ново и возбудливо бидејќи “Метрополи“, еден од најомилените брендови за сладолед од компанијата “Цермат“, ја снима првата ASMR реклама во Македонија. Снимањето ветува уникатно искуство, исполнето со привлечни звуци и вкусови кои активираат хормони како допамин, окситоцин и ендорфин, истите кои се активирани и со уживање во најслаткото задоволство – сладоледот.

Утре, со почеток во 18:00 часот, во срцето на Битола – пред Офицерскиот дом, битолчани ќе имаат можност да уживаат во едно магично, филмско искуство, но и во изненадувањата кои компанијата “Цермат“ ги подготви за сите присутни.

Исклучително горди на иновативниот маркетинг пристап и безвременските “Метрополи“ вкусови, “Цермат“ повторно поставува трендови кога е во прашање квалитетот. Затоа, дојдете и доживејте ја сензацијата ASMR, додека уживате во најдобриот сладолед во регионот!