Press "Enter" to skip to content

За билјард играчите од “А“ дивизијата од Битола, Тетово неосвоива тврдина

-Две трети места и едно второ што можеби изгледа успех, но реално недозволиво е сите тројца медалисти да изгубат од реално ист противник со послаб квалитет, истакнуваат од билјард клубот Лонгони од Битола.

Вториот, од вкупно седумте, мастерси од најквалитетната “А“ дивизијата во “Амерички пул“ билјард се одржа во Тетово, а клубот од Битола настапи во полн состав. Освен квантитативно не успеа во потполност да издоминира и квалитативно е првот опис како поминаа билјар играчите од Битола.

-За разлика од лошиот настап на Игор Радичоски и Теодор Најденов, Србиноски успеа да ја извојува неговата дебитантска победа, а 62 годишниот Наум Гулески го заврши натпреварот со една победа. Илче Трајковски заврши како трет и можеби ќе е овој бронзен медал по подолго време ќе е поттик за него почесто да тренира за конечно да го покаже потенцијалот кој го поседува. Третото место за Христо Василевски е дебакл во оваа конкуренција и според тоа колку се вложува во играта. Нај успешен овојпат беше Златко Ицаноски – Пепел кој со освоеното второ место го постигна својот најдобар резултат во кариерата, вели Горан Думевски – Панчо и додава:-Ако направиме кратко резиме на овој мастерс ќе видиме дека имаме две трети места и едно второ што можеби изгледа успех, но реално недозволиво е сите тројца медалисти да изгубат од реално ист противник со послаб квалитет без со тоа да му го спориме успехот на нашиот одличен пријател Јасин од Тетово кој што со Ибро Садики е косопственик на клубот “Голден Бол“ од Тетово.

Во Генералниот пласман, Христо Василевски е прв, Ицановски е втор, а Илче Трајковски е на четвртото место.

И овој турнир го водеше тандемот од Битола и тоа Горан Петровски Сајкал како делегат и главен судија, а Горан Думевски Панчо во својство на Комесар на натпреварот.

Во пресрет на Опен турнирот во Струмица, а веднаш по него и големиот меѓународен турнир во организација на Федерацијата на Македонија а, како дел од Јужната балканска лига Играчите продолжуваат со своите тренинзи и меѓусебни мечеви.

More from ВестиMore posts in Вести »