Press "Enter" to skip to content

КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом

ЈОУ Културен и информативен центар Битола со поддршка на Општина Битола најави два музички настани кои ќе се одржат во Офицерски дом во Битола. 

Концертот на битолската и македонска музичка гордост, светски познатиот музичар, човекот чие присуство секогаш носело радост и восхит, Јован Милошевски на класична гитара, со концерт на шпанска и македонска музика за класична гитара “Жолто на црвено“. Концертот ќе се одржи четврток на 23 март во Свечената сала на Офицерски дом со почеток во 20.00 ч. Влезот е слободен, а бројот на места е ограничен.

Третото издание на „Ден на пијаното“ во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола, а битолчани ќе проследат: спектакуларен Пијано Викенд во чест на прославата на “Ден на пијаното“ со учество на 50 млади музички таленти од 7 музички училишта низ државата. Предавање на психолог Нина Тасевска на тема “Улогата на наставникот во надминување на психолошките предизвици при јавен настап“ како и премиерен настап “Трио Трифоника“ – пијано 6 раце.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »