На 20.03.2023 на улица “Николче Ѓеорѓиевски Никлец“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 31 и 28 години, двајцата од Битола.
Кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.