Press "Enter" to skip to content

Денес започна проектот “Сите за почиста и позелена Битола“ (фотогалерија)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на ЈП “Комуналец“, Горан Степановски, заедно со дел од советниците од општинскиот совет, вработените во јавното претпријатие, директорите на јавните претпријатија и граѓаните, денес од Брусничка населба ја започнаа пролетната фаза од проектот „Сите за почита и позелена Битола“.Најголемата акција за зазеленување на Битола, продолжува со засадување на 2.000 садници на влезот во Битола, Зоолошката градина, касарната, дел од училиштата и други локации, каде што ќе биде утврдена потреба на одредени садници, соодветни за избраниот простор.-Започнуваме со првиот дел од големата акција „Сите за почиста и позелена Битола“. Ова е почеток на проектот кој ќе се одвива следните неколку месеци и е дел од активностите кои ги презема општина Битола во интерес на граѓаните: Градот да го направиме почист и поубаво место за живеење. Во изминатата година, додека се работеа проектите на терен, тековно изготвувавме проектна документација, така што сега веќе имаме изготвени проекти или со одредени сме во завршна фаза. Во следните десетина дена, започнуваме интензивно и во делот на патната мрежа, како и на други проекти. На шесте локации каде што се отстранети гаражите, ќе следува уредување. Потребно беше да се направи обемна документација, која бара и правни консултации, како и исполнување на законските обврски. Тоа што е најважно: Не сме тука за собирање на ситно политички поени и партиски интереси. Тука сме за граѓаните. За тоа сме избрани. Да го направиме најдоброто како што знаеме. Ги повикувам сите добронамерни и граѓани и политички партии и организации да се вклучат, сите заедно да излеземе од повеќегодишното сивило, а градот да го направиме поубаво место за живеење. Да ја оставиме политиката и да работиме. На крај: Делата ќе кажат, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.Градоначалникот Коњановски, нагласи дека ова е само почеток на интензивните работни активности кои ќе се реализираат оваа и идната градежна сезона, а за кои во досегашниот период се работеше на изготвување на потребната документација и решавање на долгогодишните наталожени проблеми.Директорот на ЈП “Комуналец“ Горан Степановски рече дека денес е старт на акцијата и дека остануваат отворени за сите граѓани, да се јават и да интервенирамње со засадување на садници на места кои тие ќе ги предложат и додаде:-Акцијата продолжува на повеќе локации низ општина Битола. Се предвидува да се уредат нови површини, меѓутоа и ќе се обновуват веќе постоечките, ќе се засадуваат садници. По денешната акција во Нова Битола, вече од утре продолжуваме на други места. Ќе се засади нов дрворед на улицата “Осми Септември“, осносно влезот на Битола од “Карпош“ до Дулетот во должина од 2 километри, како и кај Зоолошката градина, новата населба во “Старата касарна“. Ќе се засадува и озеленува и во основните училишта, како и на места каде службите ќе предвидат дека е можно засадување, рече Степановски, и додаде дека приоритет ќе биде чистењето и разеленувањето на градот, за што ќе се  вложат максимални напори да го зголемиме квалитетот на услугите што ги нуди “Комуналец“.Градоначалникот Коњановски, нагласи дека успешноста на реализираните активности, зависи токму од меѓусебната соработка, иницијатива и поддршка од сите вклучени во општественото делување, вклучувајќи ги и градоначалникот, советниците, политичките партии, бизнис секторот, невладиниот сектор, граѓаните.

More from ВестиMore posts in Вести »