Со Меѓународен вебинар на тема “Многу е важно треба да правиме со талентите, но поважно е што правиме денес за нив“ денеска на Педагошкиот факултет во Битола, на Универзитетот „Климент Охридски„ на кој активно се вклучија еминентни научници и професори од регионот од проблематиката на надареност и талентираноста.Учесниците со пригодни зборови најнапред гу поздрави ректорот на УКЛО проф.д-р Игор Неделковски кој посветено ги поддржува иницијативите за унапредување и создавање подобри услови за соодветен третман на талентираните студенти.
Значаен факт за тоа каков е односот кон областа талентираност и Надареност е што УКЛО, единствен во регионот има втор и трет циклус студии од оваа област, за што говореше и деканот на Педагошкиот факултет, проф. д-р Данче Сивакова -Нешковски.
Гостинот од Словенија проф.д-р Милан Јазбец, екс амбасадор во Македонија се задржа за врските од областа на Надареност и талентираноста меѓу двете земји, додека академик Грозданка Гојков од Педагошкиот факултет од Вршац, Србија, акцент стави на улогата на УКЛО и интересот во Регионот за магистерски и докторски студии студии на Педагошкиот факултет во Битола, потенцирајќи ја улогата и заслугата на проф. д-р Љупчо Кеверески за студиите за Надареност и талентираност.
Свое обраќање имаше и протекторат на Универзитетот во Ново Место, Рјавец, која се задржа за децениска традиција за институционална поддршка на надарените и талентираните во Словенија. За активностите на УКЛО во последно време и за институционалната поддршка на надарените студенти говореше проекторот за настава проф. д-р проректор за настава Јасмина Талевска – Буневска.
Сепак, еден од позначајните моменти на денешниот меѓународен вебинар, беше вклучувањето на министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири кој ја истакна важноста на институционалната и финансиска поддршка на надарените која во иднина треба да се унапреди.

Меѓународниот ден на надареност и талентираноста одбележан на Педагошкиот факултет при УКЛО Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)