Press "Enter" to skip to content

МКЦ Битола со иницијатива за креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола (фото)

Младинскиот културен центар – Битола како граѓанска организација која активно работи на промовирање на волонтерството на локално и национално ниво, во соработка со Општина Битола и Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола, започна иницијатива за партиципативно креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола за периодот 2023 – 2026 година.Процесот започна со јакнење на капацитетите на Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола, продолжи со работни состаноци на работна група за изработка на стратешкиот документ за да во оваа фаза, реализираме активности преку кои ќе обезбедиме партиципативно учество на засегнатите страни во изработка на овој стратешки документ.Со цел да обезбедиме поголема јавност и можност сите граѓани на Општина Битола да се запознаат со процесот, да дадат свое мислење и предлози, органираме два консултативни форуми за утврдување на текстот на стратешкиот документ.Првиот консултативен форум за изработка на Стратегијата за развој на волонтерство во општина Битола е наменет за претставници на организатори на волонтерска работа (граѓански организации, државни органи и јавни институции) и граѓани. Вториот консултативен форум е наменет за млади кои се воедно и најбројна целна група која се вклучува во волонтерски активности. На овај начин сите засегнати страни ќе имаат можност да се вклучат и во креирањето на локалните волонтерски политики.По завршувањето на консултативните процеси следува претставување на финалниот предлог документ пред Советот на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »