Press "Enter" to skip to content

Претседателите на Еурофарм Пелистер и Вардар, Стерјев и Михајловски: на дербито да победи подобриот

За љубителите на ракометот во Битола и Скопје следниот викенд е ракометен празник, ќе се игра првото ракометни дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, а домаќин ќе биде екипата на Вардар, цо СРЦ “Јане Сандански“ Овиј натпревар ќе биде првиот, од двата на кој ќе се решава шампионот во Супер ракометната лига на Македонија.

По тој повод остварија средба претседателите на двата најдобри клубови претседатели Зоран Стерјев и Михајло Михајловски, по која средба испратија соопштение, потпишано од двајцата со апле до навивачите за фер и коректно навивање, со цел да победи ракометната игра, но и да се избегнат несакани казни, санкции и други оптеретувања. 

Оваа средба е резултат на минатосезонското дерби мина во знакот на инциденти на трибините, но и надвор од салата, предизвикани од навивачите на двата клуба, кои веќе го најавија  присуство на важното дерби, па се очекува вистински спектакл во “Аеродром“.

Во продолжение целото соопштение на двата клубови:

More from ВестиMore posts in Вести »