Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: едно лице загинато во сообраќајка, сопруг нападнал сопруга и три деца, сопруга нападнала сопруг, каснување од куче скитник

На 21.03.2023 во 16.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат „Битола-Кичево“, кај место викано „Белимост“, патничко моторно возило марка „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од 33 годишно лице од село Белче, демирхисарско, излетало од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката на возраст од 25 години од село Белче, демирхисарско, додека малолетен сопатник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола., а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обукција.

На 21.03.2023 во СВР Битола, 29-годишна жена од Битола пријавила дека во семејниот дом нејзиниот сопруг физички ја нападнал неа и нивните малолетни деца, при што употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.03.2023 во СВР Битола, 37-годишен маж од Битола пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга на возраст од 36 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.03.2022 во СВР Битола, Ј.И. (70) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола неговиот малолетен внук бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »