Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер со реакција на судењето по денешниот натпревар во Охрид

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола по денешниот натпревар во Охрид, односно дербито против екипата на Воска Спорт, во врска со судењето на главниот судија Јосип Бартон се огласи со соопшрение во кое се вели:

-ФК Пелистер оваа сезона повторно e жртва на скандалозно и срамно судење, овојпат во режија на судиската тројка од Тетово, предводена од главниот судија Јосип Бартон. По четврти пат оваа сезона сме грубо оштетени и доведени во нерамноправна позиција со нашите противници. Денес тоа беше Воска Спорт, претходно Караорман, Детонит Плачковица, Гостивар…

Самото делегирање на судија кој не е од рангот на интернационалци остава дилеми и делува потценувачки за натпревар со ваков влог и важност. Од сите македонски судии одговорните делегираа судија кој сезонава е целосно надвор од форма, воопшто не суди натпревари од Првата и Втората лига, туку само натпревари од младинските лиги и футсал шампионатот (доставуваме преглед на отсудените натпревари на Бартон оваа сезона). Делегираниот судија во Првата и Втората лига сезона најчесто е четврти судија, а делегиран за главен е најчесто кога играат пионери и кадети. Зарем Бартон беше најдобриот избор за овој натпревар? Критериумот на главниот судија Бартон на денешниот натпревар е навредлив кон нашиот клуб, кон нашите фудбалери, обидот да се надигруваме и да се наметнеме со нашиот стил на игра. Со ваков третман кон македонскиот фудбал, кон дерби дуел на две екипи со високи амбиции и вложувања и кон клуб како Пелистер, не сме на прав пат како фудбалски систем.

ФК Пелистер е наш фудбалски бренд, клуб со традиција, Куп-титули и финалиња, клуб кој дал репрезентативци и е расадник на таленти, а ваквиот третман при делегирањето на судии со претходно дадена задача, ја доведува во прашање регуларноста на првенството во Втората лига. Ова мора да сопре сега и веднаш, во интерес на спортот, гледачите, во интерес на развојот и мотивот за влог во фудбалот.

More from ВестиMore posts in Вести »