Оваа година НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола слави 78 години од нејзиното основање, а по тој повод започнаа со низа активности да го одбележуваат родендеднот.
Со торта и подароци, роденденот на библиотеката го прославивме заедно со децата, родителите и професорките од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје кои имаат дисперзирани паралелки во нашиот град.
Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски по повод роденденот на библиотеката им подели на учениците материјали за работа им посака да учат и дека библиотеката ќе биде нивен сојузник преку вклучување во различни активности на библиотеката, се со цел да им се олесни процесот на образование.
-Со искрени желби пеевме, другарувавме и се забавувавме со нашите нови другарчиња. Библиотеката веќе започна со реализирање на проектот „Забавни креативни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ одобрен од Министерството за култура во кој се вклучени децата од ова училиште, соопштуваат од Библиотеката.

Библиотеката започна со одбележување на 78. роденден, први гости децата од средно училиште за рехабилитација и образование (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from КултураMore posts in Култура »
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“










