Press "Enter" to skip to content

Прв пат Митревски и Тодоровски судии на дербито Еурофарм Пелистер – Вардар ќе имаат помош од ВАР технологија, браќата Илиевски за одлука за трето место

И вториор судиски пар од Битола, Методија и Михајло Илиевски ја доби довербата да суди натпревар кој ќе одлучува за трето место.

Судиската организација при РФМ одлучи на вечното ракометно дерби Вардар – Еурофарм Пелистер кое ќе се игра во недела во Скопје, главни судии на натпреварот ќе бидат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Ова за нив прво ракометни дерби на кое ќе ја делат судиската правда во првата сезонска битка за домашната ракометна титула. Делегати на средбата се Драган Начевски и Ацо Николовски. Како новина на овој натпревар, поради важноста на резултатот ќе има ВАР-технологијата која зема голем замав во спортот за да се сочува регуларноста, системот ќе биде монтиран во соработка со Македонската телевизија, прегледуваат спорните или одлуките кои носат дилема кај судиите.Вториот битолски ракометен судиски пар браќата близнаци Методија и Михајло Илиевски ја дово довербата да суди натпревар во кој ќе се решава разврската во македонската супер лига, а тоа натпреварот Алкалоид и Бутел, односно одлуката за третото место на табелата.

More from ВестиMore posts in Вести »