Оваа година НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола слави 78 години од нејзиното основање, а по тој повод започнаа со низа активности да го одбележуваат родендеднот. Со торта и подароци, роденденот на библиотеката го прославивме заедно со децата, родителите и професорките од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје кои имаат дисперзирани паралелки во нашиот град.
Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски по повод роденденот на библиотеката им подели на учениците материјали за работа им посака да учат и дека библиотеката ќе биде нивен сојузник преку вклучување во различни активности на библиотеката, се со цел да им се олесни процесот на образование.
-Со искрени желби пеевме, другарувавме и се забавувавме со нашите нови другарчиња. Библиотеката веќе започна со реализирање на проектот „Забавни креативни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ одобрен од Министерството за култура во кој се вклучени децата од ова училиште, соопштуваат од Библиотеката.

Библиотеката започна со одбележување на 78. роденден, први гости децата од средно училиште за рехабилитација и образование (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“