По повод роденденот на НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола го додели наградите на читателите кои изнајмиле и прочитале најмногу книги од библиотеката, како и роднокрајните награди.По тој повод на наградените и на сите присутни им се обрати директорот на библиотеката од Битола, Бојан Стефановски, кој при тоа рече:
-Оваа година славиме 78 години. 78 години нашата библиотека е во служба на народот, постојано подобрувајќи ги условите за работа се за потребите на нашите верни читатели. Бидејќи вие, наши драги читатели во изминатава година бевте наши верни читатели, и во секоја од категориите имате прочитано најмногу книги, библиотеката реши да ве награди. Секоја книга има душа, душата на личноста што ја напишала и душите на оние кои ја прочитале и сонувале за неа.
Добитниците на наградите по категории се: најмлад читател- категорија предучилишна возраст со најмногу изнајмени книги – Димитар Алачкоски, категорија – основно образование – Костадин Христов, категорија – средно образование Ангела Брбевска, читател на годината од категорија возрасни во 2022 година – Анастасија Шалевска и во категорија -пензионери, добитник Розитка Тодоровска.
Оваа година роденденската прослава Библиотеката ја збогати и со доделување и на наградите за “Роднокраен автор за 2022“ година. Добитници на наградите во три категории се наградата за „Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ му е доделена, за жал постхумно Владимир Костов за целокупното свое животно творештво. Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “ поезија е за Даниела Андоновска Трајковска, а наградата за “Роднокраен автор за 2022 година“ – проза за Христо Петрески.

Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)
- Изведена претставата “Далеку, а сосем тука“ на учениците од Горната гимназија од Битола на амфитеатарот на Тумбекафе (мега фотогалерија)
- Изложба “Портрети низ Горната“, секоја слика раскажува приказна раскажана низ објективот на ученичката Дамијана Ристевска (фотогалерија)
- Промовиран новиот број на “Нова Веда“ на учениците од Горната Гимназија од Битола (фотогалерија)
- Библиотеката и зоолошката градина потпишаа меморандум за соработка