Press "Enter" to skip to content

Денес 62 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола 

Денеска (24.03.2023) во периодот од 14.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 62 возачи.

Од нив, 48 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 14 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  

More from ВестиMore posts in Вести »