Press "Enter" to skip to content

Битола на врвот во козметологијата

Миме Акимовски од “Боди М“селектирана во најдобрите козметички експерти, глобално во работа со третманот кој најави револуција во подмладувањето “DS V line“ – третман со колагенски конци. Таа беше во малата избрана група, која компанијата ја избра за престижната академија која ја носи оваа иновација.

“Боди М“ неодамна стана лиценциран тренинг центар за новата иновација во негата на лице на “DS V-LINE“, меѓу првите на Балканот посветен целосно на сите професионалци од областа на козметологијата кои сакаат да се обучат за протокол со колагенски конци, третман ориентиран кон врвни резултати за работа во козметички салони.

-Да се биде во друштво на најдобрите по толку кратко време е големо признание за мене. Посветено работиме во “Боди М“ и несебично го споделуваме знаењето со нашите колеги во браншата. Можеби тоа е клучот на нашиот успех, истакна Миме Акимовски.

Одамна се нема појавено нешто на козметичкиот пазар кое направило толкав бум како што е третманот со колагенски конци или нитки. Кога ќе ги видите резултатите, ќе ви биде и јасно зошто, особено затоа што е во прашање неинвазивна метода, а резултатите се видливи веднаш по третманот. Во прашање се нитни од колаген кои се раствораат во кожата, а состојките продираат во неа пополнувајќи ги брчките, залегнувајќи го тонусот на мускулите на лицето и провоцирањето на создавање на колаген во подолг временски период. Овој третман ја враќа еластичност а и влагата на кожата, ублажува знаци на стареење и придонесува вашето лице да изгледа далеку помладо.Инвестирајте во оваа метода ако сте сопственик на козметички салон. Контактирајте ги на официјалната фан страна на DS V-LINE Macedonia, посветена на сите професионалци од областа на козметологијата кои сакаат да се обучат за протокол со колагенски конци, целосно ориентирана кон врвни резултати за работа во козметички салони.