Денес во село Паралово, во дворот на манастирската црква “Св. Ѓоргија“ во организација на Општина Новаци и Советот на Општина Новаци, се одржа Панихида и полагање на цвеќе на гробот на еден од најголемите војводи, учителот, Ѓорѓи Сугарев по повод 117 од предавството и смртта.Цвеќе на паметникот на Ѓорѓи Сугарев, во дворот на манастирската црква положија, домаѓинот градоначалникот на општина Новаци – Стевче Стефановски, пратеничката Олга Лозановска, градоначалникот на општина Могила – Саботковски, претседателите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола и Новаци – Пеце Милевски и Илче Трајковски.
Цвеќе положија и претставници на Унијата на ветерани, Унијата на млади сили, Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Новаци, Битола и Крушево, како и претставници на здружението почитувачи на ликот и делото на големиот Сугарев.
-Денес одбележавме 117 години од смртта на големиот учител, револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев и на неговите 22 комити кои предадени од врховистите во нерамна борба со турскиот аскер и башибозук, загинаа за слободата на Македонија, рече градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.
На одбележувањето беа вклучени и членовите на коњичкиот јавачки клуб “Букефал“ од Кравари, засадени беа садници и се запали огномет, а потоа гостите беа послужени со манастирско гравче.

Одбележани 117 години од смртта на битолскиот војвода Ѓорѓи Сугарев (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)
- Работилница со примена на виртуелна реалност на ИПА регион Битола (фото)
- Дебатен настан на УКЛО Битола за новите геополитички случувања ги здружи академската јавност и граѓаните
- Во книжарницата “Book’s House“ работилница на тема “Фиктивни – реални приказни“
- Денот на државноста на Хрватска, одбележан и во Битола (фотогалерија)