Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: метаболен синдром

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува Метаболен синдром, за што вели:

-Метаболен синдром или Синдром Х се нарушувања во метаболизмот кои го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијабетес мелитус. Мајорните карактеристики на Метаболниот синдром се централна обезност абдоминална,хипертензија над 130/85 мм ХГ, хипергликемија, хипертриглицеридемија и ниско ниво на ХДЛ   во серумот.

Физичката неактивност е поврзана со зголемена шанса од развивање на овој синдром кој се јавува почесто кај жени над 50 годишна возраст во споредба со мажи во USA.

Инсулинската резистенција е главниот патофизиолошки механизам во настанување на овој синдром  со гликоза интолеранција и намалено искористување на гликозата од мускулите и масноти ткиво, намалена супресија на гликонеогенеза во црниот дроб и  последователна хипергликемија, инсулинската резистенција се карактеризира со загуба  на реакција на инсулинските рецептори во ткивата  за инсулин, висока хиперинсулинемија поспрандијална со последователна хипергликемија. Значајно е зголемената продукција од зголеменото  масното ткиво на слободни масни киселини и нивниот метаболизам во црниот дроб кој води до зголемена продукција на триглицериди и гликоза.

Инсулинската резистенција води до загуба на вазодилататорниот ефект на инсулинот зачувување на реабсирпцијата на натриум од страна на бубрезите и зголемен крвен притисок и нарушување на односот на азотен оксид со ендотелин 1 во ендотелoт на крвните садови со последователна вазоконстрикција и зголемен крвен притисок.

Кај Метаболниот синдром има и зголемување на проинфламаторните цитокини IL 1 IL6IL 18 CRP и редукцијата на антиинфламаторниот адипонектонот. Присуството на полицистичниот оваријален синдром, појава на Дијабетес мелитус зголемениот ризик од миокарден инфаркт и цереброваскуларен инсулт и почеста појава на  неалкохолна црнодробна стеатоза, обструктувна слип апнеја е  зголемена кај лица со метаболен синдром.

Дијагнозата на метаболен синдром  се поставува доколку има три од следните 5 критериуми крвен притисок над 135/85 mm Hg, триглицериди на 1.7 mmol/l обем на струк над 102 цм за маж и над 88 цм за жена хипергликемија над 6 ммол/л и ниско ХДЛ под 0.5mmol/l.

Лекувањето се состои од промена на животниот стил избегнување на солена и мрсна пржена храна газирани пијалоци и алкохол, внесување на зеленчук овошје, прекинување на пушење зголемена физичка активност, употреба на супресори на апетит phentermine ,sibutramine, регулирање на ЛДЛ и триглицеридите во крвта со статини и фибрати и диета со редукција на телесната тежина, контрола на хипертензијата со АКЕ инхибитори или АРБ блокатори, метформинот со тиазилидондионите се користат во терапија на инсулинската резистенција со намалување на ендогената продукција на гликоза и со зголемување на нејзиното искористување во периферните ткива пред се во  мускулите и масното ткиво.