Press "Enter" to skip to content

По два дена во Маврово, ракометарите вечерва тренираа во “Јане Сандански“

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одработија два дена мини подготовки во Маврово, откако тренерите се одлучина на ваква варијанта пред вечното ракометно дерби на македонскиот ракомет, Вардар – Еурофарм Пелистер.

Ракометарите од Битола од денес, на ден пред натпреварот, се во Скопје, каде вечерва одработија и тренинг во салата “Јане Сандански“ каде утре ќе се игра натпреварот.

Додека тренерите Александар Јовиќ и Ѕвонко Шундовски се подготвуваат за утрешното дерби и навивачите ги прават последните подготовки за утрешното патување во Скопје и бодрење на тимот за кој навиваат.

More from ВестиMore posts in Вести »