Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведен крадец кој украл ролни железо во РЕК, 65 возачи под возеле под алкохол

На 25.03 од страна на полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола на стариот пат Прилеп – Битола бил лишен од слобода 38 годишник од Битола, кој управувал патничко возило “опел“ со битолски регистарски ознаки, под сомнение за извршена тешка кражба во РЕК Битола, од каде одземени се ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК Битола. Пронајдените предмети се вратени на сопственикот,а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Во текот на изминатата вечер (25/26.03.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 65 возачи. Од нив 7 на територија на Битола, 50 во Прилеп , по 2 во Ресен и Крушево,3 Македонски Брод и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 51 други видови прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »