Денес, недела, 26 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Максималната температура во Битола до 19 степени.
Утре, понеделник, 27 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување. Максималната температура во Битола до 16 степени.