Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево, од утре намалување на температурата

Денес, недела, 26 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Максималната температура во Битола до 19 степени.

Утре, понеделник, 27 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување.  Максималната температура во Битола до 16 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »