Press "Enter" to skip to content

Другарство и кабадајлук “high-level“, од Битола, Прага и Лондов дојдоа во Германија како изненадување за роденденот на другарот (фото)

Дека другарството од младоста и од детството е највредно и најдолговечно има многу примери, како и за битолскиот кабадајлук. Последниот пример на наши сограѓани од Битола, е потврда и за двете, кога ќе се спојат кабадајлукот и другарството се доаѓа до приказна за почит и сеќавања кои ќе траат цел живот.Група другари од Битола кои се живеат на разни страни низ Европа, или како ги довел животот… Лондон, Прага, Битола и Вирзбург (Германија). Сите тие, едноставно по “вибер“ се договорија, да му “одат“ на Љубиша во Германија и да го изненадат.

-Ако не иди во Битола, ние ќе одиме, таму во Германија, и таму сите ќе му го честитаме родендено, од секаде, од Битола, од Прага и Лондон, реченица во која имало можеби мајтап на почетокот, но започнала да се реализра. Во истата многу другарство, но и битолски кабадајлук.

Се договорија и тоа го направија.И така и се случи, резервираа авио-билети, хотел, се најдоа во Германија во градот Вирзбург и му честитаа 45 роденден на својот другар, но за жал требаше да бидат повеќе, а во последен момент некои откажале, се разбира од оправдани причини.-Не беше лесно да се организираме, сите со обврски, со семејства, по цела Европа, но ете кога нешто се сака, нема пречка за тоа да се направи. Љубиша е во Германија од 2007 година и од тогаш не е дојден во Битола, но ние стигнавме таму. Ова беше најголемо изненадување за него, и тешко дека некогаш тој ќе го заборави.  Секако и сите ние кои пристигнавме и самите бевме изненадување. Се разбира дека имавме “инсајдерска“ помош од неговата сопруга која ни помогна во целата организација за комплетното изненадување за нашиот другар кој прослави 45 години. Изненадувањето за него беше бесценето посебно поради тоа што со некои не се имаше видео цели 16 години, раскажуваат другарите на Љубиша.Изненадување на Љубиша, или како го викаат неговите најблиски „Шустер“, му приредија другарите од детството Ангел Гина, Александар – Ацо, Зоран -Зоче, Симеон – Семчо, Даниел – Швабата кој дојде од Лондон, Филип – Гината и Дарко кои дојдоа од Прага, кои на роденденот му тропнуваат на вратата од неговиот дом, сите како роденденско изненадување.А што да му подарат на нивниот другар Љубиша роден во Битола во 1978 година, поранешен “чкембар“ и страствен навивач на Пелистер, освен дрес од неговиот сакан клуб, потпишан со Љубиша и број 45, како сеќавање дека ова се случило на неговиот 45 роденден, кои за него додаваат:

-Наш пријател од детството, во Битола заврши основно и средно образование, а во 1996 година се преселува во Германија, во градот Вирзбург.  Во 2002 година се враќа во Битола и во сраклената зграда во отвора кафулето “Хавана“ на местото од старото кафуле “Џез“. Повторно во 2007 година заминува во Германија и од тогаш нема дојдено во Битола, а оваа приказна секако како тој ја доживеа се надеваме дека ќе ни раскаже во Битола.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »