Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер загуби од Вардар, за титула во реваншот треба да брка победа од осум гола

Вардар – Еурофарм Пелистер 31:24 (13:10)

Ракометарите на Вардар 1961 во Скопје ја победија екипата на Еурофарм Пелистер од Битола 31:24, полувреме 13:10, и е начекот кон годинашната ракометна сезона, а битолчани ако сакаат титула во Битола треба да победат со осум гола разлика.

Натпреварот во “Јане Сандански“ имаше подолг прекин во првиот дел откако навивачите на Вардар влегоа на паркетот во салата, по пристигнувањето на “Чкембарите“. 

“Пелистерци“ имаа 1:1 на почетокот на првиот дел, а пооа и 2:3. Вардар потоа дојде до предност 5:4, а потоа и водство на Пелистер од 5:6, по што се  случи голем скандал, а битолските ракометари беа повлечени во соблекувалните и дојде до прекин на натпреварот. Откако дуелот продолжи, се играше во исто темпо, гол за гол до 26. минута  и 10:10. Следуваа 3 гола на Вардар, а на одмор се замина со домашна предност од 13:10.

На стартот на второто полувреме предноста на Вардар дојде првпат дојде на плус седум 18:11. “Пелистерци“ дојдоа на -5. Но тоа беше се што битолчани направија на овој прв дерби натпревар во Скопје, а Вардар водеше, имаше предност и не дозволи да биде поразен. 

Најефикасен кај Пелистер беше Жарко Пешевски со пет постигнати гола.

More from ВестиMore posts in Вести »