Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен разбојник, спроведен за издржување на затворска казна, три пријави за каснување од куче

Денескана ул. “Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(27) од Кичево.  Тој се барал по наредба од Основен суд Кичево за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 од Кривичниот законик, кое го сторил во текот на 2022 година.  Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.

На 27.03.2023 во СВР Битола, И.С.(27) од Битола пријавил дека на ул. „Павел Шатев“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 27.03.2023 во СВР Битола, И.Б.(24) од Битола пријавила дека на ул. „Мирка Гинова“ во Битола била касната од куче скитник.

На 27.03.2023 во СВР Битола, Ѓ.И. (36) од Битола пријавил дека во с.Доленци, битолско, нејзиното дете било каснато од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »